Европа доби уште еден национален парк – заштитена една од последните диви реки

- Advertisement -

Вјоса, една од последните диви реки во Европа, е прогласена за национален парк според одлуката на албанската влада. Со новостекнатиот статус заштитена е од изградба на хидроцентрали на неа.

После долга кампања на национални и меѓународни нелвадини организации и со помош на славни личности како Леонардо ДиКаприо, величествената река и нејзините притоки стекнаа статус кој им овозможува највисоко ниво на заштита, велат броците за заштита на животната средина.

- Advertisement -

Вјоса извира во Грција, создава меандри и тече во Албанија во должина од 192 км и се влева во Јадранското Море северно од пристаништето Влоре, а нејзниниот тек никаде не е пореметен од инфраструктурни проекти.

Таа река одушевува во убавината и биодиверзитетот. Според невладините здруженија EuroNatur, Riverwatch, EcoAlbania и MedINA, на реката и се заканувале бројни проекти за хидроцентрали како тие што веќе ги има по цела Албанија и остатокот од Балканот. Локалното население кое живее покрај реката стравувало дека земјиштето ќе им биде потопено, а биодиверзитетот уништен.

- Advertisement -

Вјоса се уште е многу неистражена река, но експертите избориле околу 1.200 видови, од кои четириесетина Меѓународната унија за зачувување ан природата ги стави на листата со загрозени видов. Меѓу нив се европската јагула, видрата, египетскиот мршојадец и др.

Борците за заштита на околината сега ја повикуваат Атина на ист начин да ја заштити Вјоса во должина од 80 км низ Грција, каде што се нарекува Аос. Со тоа ќе биде заштитен целиот речен систем, а не само дел од реката или притоките, велат од Riverwatch.

- Advertisement -

Вјоса е една од ретките реки со таа големина која е толку добро сочувана и недопрена, велат од UICN. За е наследство за целата планета. Меѓутоа, невладините организации се загрижени поради спорниот проект за изградба на аеродром во регионот Вјоса-Нарта, кој би загрозил 200 видови птици кои живеат крај лагуните и мочуриштата крај реката Вјоса.

Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека тој проект нема да има никакво влијание врз локалниот екосистем.

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -