Костарика стана лидер во вадењето литиум од стари батерии

- Advertisement -

Костариканците го усовршија вадењето литиум од батерии кои секојдневно се користат во многу уреди како мобилни телефони, лаптопи, електрични автомобили и соларни панели. Костарика е земја во која површинските копови се забранети, а сега стана лидер во светот во вадењето тешки метали како литиумот, но не од земјата, туку од старите батерии.

Фабриката за рециклирање Fortech е основана пред речиси три децении во градот Картага, 27 км оддалечен од главниот град Сан Хозе, а вработените ја нарекуваат урбан рудник.

- Advertisement -

Последните шест години во фокусот им е екстракција на литиум од батерии кои се полнат и секојдневно се користат ви многу електронски уреди. Годишно во светот се фрлаат милионибатерии. Иако куќиштето одбатеријата се разградува во период од 100 години, тешко отровните метали кои се наоѓаат во неа не се разградуваат никогаш.

Fortech пронајде „рудник на злато“ во екстракцијата на тешки метали од батериите, а на нашата планета истовремено и подаде појас за спасување.

- Advertisement -

„Сега знаеме дека тоа не е отпад. Знаеме дека тоа е ресурс кој може повторно да се користи. Битно е да се разбиваат парадигмите. На светот му е потребна виркуларна економија која ги рециклира драгоцените примарни материјали наместо да користи нови“ велат од Fortech.

Рударењето литиум често се прави во услови кои се штетни за околината, работнциите и локалното население. Но, во Fortech целиот литиум доаѓа од 1.500 тони потрошени батерии кои секоја година се фрлаат во Костарика, појаснуваат од компанијата. Користените батерии се собираат по трговските центри, продавниците со електронска опрема и на продажните места за електрични автомобили.

- Advertisement -

Литиумот го нарекуваат белото злато или нафтата на 21 век, а последните години цената му се вивна до небо на глобалниот пазар. Во ноември 2020 година вредноста на литиумот порасна на 60.500 долари по тон поради се поголемото производство на елетрични автомобили. Сепак, фабриките за производство на литиум трошат милиони литри вода и може да бидат штетни за околината. Но, кога литиумот се вади од рециклирани батерии се испушта само 1/4 од јаглерод диоксидот во однос на директното рударење литиум.

(AlJazeera Balkans)

(фото: uscdnews)

Сподели!
- Advertisement -