Владата ќе одлучува за замрзнување на цените на јајцата, шеќерот и оризот

- Advertisement -

Анализите што ги прават надлжените за овие производи се веќе готови и се очекува на денешната владина седница да бидат разгледани и да се донесе одлука.

Владата претходно ја замрзна цената на лебот на 33 денари, а потоа ги намали цените на тестенините за 15%, а на млечните производи за 10%. Ваквите цени ќе важат до крајот на мај.

- Advertisement -

На ваков начин, власта се обидува да ја влијае на намалување на инфлацијата, која во февруари годинава изнесуваше 16,7 отсто, во однос на истиот месец лани.

Сподели!
- Advertisement -