Според гласините, Apple наскоро ќе се приклучи на трендот на телефони на преклоп, иако и понатаму не е познато дали прво ќе претстави флекисибилен iPhone или ќе се одлучи за iPad со таков екран. Изгледа дека Apple уште нема одлучено во кој правец ќе се движи, но јасно е дека нема да го игнорира овој тренд и во наредните неколку години може да видиме iPhone/iPad Fold.
Без оглед на тоа дали станува збор за телефон или таблет со флексибилен екран, тој уред ќе има една интересна и корисна опција која уште не сме ја виделе на конкурентските телефони. Имено, Apple штотуку пријави патент за уреди со екран на преклоп кој во случај телефонот или таблетот да падне, автоматски ќе активира затворање на екранот.
Технологијата се базира на сензори и акцелерометар, кој ќе препознае дека уредот паѓа, после што екранот ќе се затвори за да се избегне оштетување, односно да се минимизира можноста за оштетување. Во патентот се наведува о дека во случај екранот да не се затвори до крај, благото затворање ќе спречи поголеми оштетувања.
Од Apple не откриваат ништо ни за нивни уреди на преклоп, ни за оваа технологија, па тешко е да се заклучи какви се нивните планови на тој пазар,
(T3)
(фото: YouTube)