Финска шеста година по ред е прогласена за најсреќна земја во светот, според извештај на Обединетите нации. По повторливиот успех, водичот „Посети ја Финска“ сега им нуди на десет луѓе шанса да отидат во земјата и да научат како да бидат среќни како Финците, јавува Бизнис инсајдер.
„Мастерклас на среќата“ како што е насловена програмата на „Посети ја Финска“, е предвидена да се одржи во текот на четири дена во јуни во одмаралиштето Куру. Водичот ќе ги покрие сите трошоци за пат и за сместување, кои вклучуваат приватна соба, пристап до приватна сауна и спа центар, и сите други „суштински капацитети“, се посочува на веб-страницата на водичот.
Патувањето вклучува сесии со фински експерти за луѓето да се запознаат со занаетите, храната, благосостојбата, здравјето и балансот.
Апликациите се отворени до 2 април, а од кандидатите е побарано да направат „рил“ на Инстаграм или ТикТок што ќе покаже зошто „можеби тајно се Финци“ како дел од нивната апликација. Учесниците, исто така, ќе бидат снимани за време на посетата, а материјалот ќе се користи за рекламирање на водичот „Посети ја Финска“.
Извор – Радио МОФ
Фото – Stock