За сите мрзеливи луѓе кои не сакаат да фрлаат ѓубре сега постои паметна канта која се прави сама

- Advertisement -

Собирањето и изнесувањето на ѓубрето надвор може да биде напорно, а за некои е и најмалку омилената домашна обврска и често избегнуваат да ја прават. Сега постои паметна канта која ќе се погрижи за сечиј отпад.
Кантата се вика SmartCan и кога ќе се наполни, сама се одвезува до контејнер. Таа ќе може да се програмира  точно кога да го изнесе отпадот надвор.  Засега уште  не се познати датумот кога ќе се најде во продажба и цената.
Таа е првата креација на Ендрју Мареј, основач и извршен директор на Rezzi. Кантата ќе функционира навистина едноставно. Ќе излегува до контејнер кога ќе треба да се испразни и ќе се враќа до куќата кога ќе е празна. Единствено ќе треба да се направат две станици за таа да стои до контејнер и до куќа.

Сподели!
- Advertisement -