Мате Римац се пофали – ги продале сите 50 Nevera и сите 99 Bugatti Mistral

- Advertisement -

Почетната сена на автомобилот Rimac Neverа изнесува 2 милиони евра и веќе се продадени сите 50 произведени возила, асите 99 Bugatti Mistral по почетна цена од 5 милиони евра се продадени на невидено, соопштија од Rimac Group.

Од Rimac Grоuр велат дека ова е врв на автомобилската индустрија и дека покажуваат колку далеку може да оди технологијата. Додаваат дека не станува збор за масовен пазар, туку за премиум сегмент.

- Advertisement -

Rimac Grоup е составена од две компании: Bugatti Rimac, која се фокусира на дизајн, развој и производство на хиперавтомобили Bugatti, и Rimac Automobili и Rimac Technology, фокусирани на развојот и производството на технологија и компоненти за возила на производители на автомобили. Има над 2.000 вработени и консолидиран годишен приход од 400 милиони евра. Над половина од вработените се инженери.

Акционери во компанијата се Porsche со 20,4%, Мате Римац со 23,4%, Softbank со 13,6%, Neurone со 10,5%, Hyundai со 8% и други инвеститори со 24,1%. Групацијата помина низ неколку успешни рунди собирање капитал и само од 2017 година досега се собрани околу 820 милиони евра приватен капитал во три рунди на финансирање од инвеститори како Porsche, Hyundai, KIA, Investindustrial, Softbank и Goldman Sachs.

- Advertisement -

Капацитетот на производство на Rimac Grоup е до 150 автомобили годишно (Neverа и Bugatti, од кои околу 90 ќе бидат Bugatti).

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -