Во магнетното поле на Земјата се создаде голема аномалија и расте

- Advertisement -

НАСА активно ја надлгедува необичната аномалија во магнетното поле на Земјата – огромен регион со понизок магнетен интензитет се протега на подрачјето на небото над Јужна Америка се до угозападна Африка. Овој голем феномен, наречен Јужноатлантска аномалија, ги загрижува научниците со години, но најмноги ги загрижува истражувачите на НАСА, пренесува Science Alert.

Сателитите на НАСА и леталата се особено во опасност од намаленото магнетно поле во аномалијата, како и изложувањето на честичките од Сонцето како последица на тоа.

- Advertisement -

Јужноатлантската аномалија НАСА ја опишува како продлабочување во магнетното поле на Земјата, но тоа не влијае на животот на Земјата. Истото не важи за леталата во орбитата на Земјата кои поминуваат директно низ аномалијата во своето кружење на на ниски висини околу Земјата.

Во тие периоди намалената снага на магнетното поле во аномалијата значи дека системите во сателитите можат да престанат да работат правилно ако ги погодат протоните од Сонцето. Тие удари генерално резултираат со помали технички проблеми, но постои ризик дека можат да предизвикаат значително губење податоци, како и трајна штета на клучните компоненти.

- Advertisement -

Токму намалувањето на тие ризици е една од главните причини зошто НАСА толку внимателно ја следи аномалијата. Другата причина е мистеријата која ја претставува – тоа е голема прилика за истражување на овој комплексен феномен кој е тешко да се сфати, а големите ресурси кои ги има НАСА на располагање се совршени за проучување.

Примарен извор на аномалијата се смета океанот од стопено железо во надворешното јадро на Земјата, илјадници километри под тлото. Движењето на таа маса создава електрична струја која создава магнетно поле на Земјата, но изгледа дека тоа поле не е еднолично. На создавањето на тоа поле му пречи огромната, густа камена маса која се наоѓа околу 2.900 км под африканскиот континент, поради што ефектот на намалување на снагата на магнетното поле е драматичен.

- Advertisement -

Аномалијата може да се интерпретира и како последица на намалената доминација на биполното поле во регионот, вели геофизичарот и математичар на НАСА, Веиџиа Куанг. Иако има многу работи кои научниците уште не ги сфаќаат целосно по прашањето на оваа аномалија, новите сознанија полека го расветлуваат случајот. На пример, една студија на НАСА од 2016 година откри дека аномалијата полека се движи на северозапад.

Но, тоа не е се. Уште поеневројатно е тоа што изгледа дека аномачлијата е во процес на раздвојување на два дела – истражувачи во 2020 година открија дека секој дел претставува посебен центар на минимален магнетен интензитет во поголемата аномалија.Не е познато што е иднината на оваа аномалија, но во секој случај, постојат докази дека не е нова. Иако се движи бавно, аномалијата поминува низ некои морфолошки промени и битно е да продолжи надгледувањето.

(N1)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -