Голема озонска дупка откриена над тропските предели

- Advertisement -

Озонска дупка, седум пати поголема од онаа над Антарктикот, е откриена над тропските предели и според канадскиот истражувач Кинг-бин Лу, постои уште од 80-тите години. Професорот Лу, која предава на Универзитетот Ватерло во Онтарио, ја открил оваа озонска дупка која опстанува во сите годишни времиња во долната стратосфера над тропските предели.

Длабочината на таа дупка се споредува со длабочината на познатата озонска дупка која напролет се јавува над Антарктикот, додека нејзината површина е околу седум пати поголема.

- Advertisement -

На средината на 79-тите години истражувањата на атмосферата покажале дека озонската обвивка, која апсорбира најголем дел од сончевото ултравиолетово зрачење, може да се оштети со индустриските хемикалии, превенствено со хлорофлуоројаглерод, се вели во напис на Discovery. Иако забраните на таквите хемикалии помогнаа да се забави уништувањето на обвивката, новите докази сугерираат дека тоа оштетување и понатаму постои.

„Тропите се една половина од површината на планетата и се дома на речиси половина од светската популација. Постоењето на озонска дупка над тропските предели може да предизвика глобален дисбаланс затоа што оштетувањето на озонската обвивка може да доведе до зголемува на ултравиолетовото зрачење, што го зголемува ризикот од рак на кожата и катаракта, ги намалува земјоделските приноси и негативно влијае на осетливите водени организми и екосистемите“ предупредува професорот Лу.

- Advertisement -

(Al Jazzera)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -