Доктори во болницата Молинете во Ситадела Салуте во Торино направија револуционерен зафат и на целосно слеп пациент му овозможија повторно да гледа. Со автотрансплантација на рожница, белка и спојница од две слепи очи направија едно око кое може да гледа.
Станува збор за извонредна операција која по прв пат во светот ја направија професорот Микеле Реибалки, директор на очната клиника при Универзитетот Молинете и професрото Винченцо Сарникола, еден од водечките експерти во светот на хиургијата за рожница.
„Кога се разбудив и ги видов своите прсти и рацете, беше како да се родив повторно“ вели 83-годишниот пациент, кој боледува од две различни и сериозни болести на очите, поради кои пред 6 години го изгубил видов. Благодарение на ревлолуционерната операција му бил вратен видот во десното око и сега може да препознава предмети, лица и самостојно да се движи.
Како што објаснуваат од болницата, пациентот го изгубил видот на левото око пред 30 години поради иреверзибилно ретинално спепило, а во последните 20 години прогресивно го изгубил видот на десното око поради ретка хронична болест. Во последните неколку години направил традиционална трансплантација на рожница на десното око, но сите биле неуспешни.
Рожницата има многу пониска стапка на отфрлање од страна на телото во споредба со други васкуларизирани органи, но во присуство на промени на целата површина на окото, како кај овој пациент, тој ризик станува многу висок.
Со последната операција по прв пат е направена автотрансплантација на цела очна површина од левото на десното око, која не вклучувала само рожница, туку и дел од белката и целата спојница. Операцијата е изведена така што од левото око, кое било функционално непоправливо, но рожницата и целата очна површина биле во добра состојба, била земена ццелата спојница, целата рожница и 2 мм од белката во една целина. Тоа значи дека 1/3 од левото око била трансплантирана во десното и така делумно му бил вратен видот.
(Zimo
(фото: Flickr)