Вештачка интелигенција би можела да ги замени луѓето на 300 милиони работни места со полно работно време, се вели во извештајот на инвестициската банка Goldman Saks. Постои можност да се заменат 1/4 од работните задачи во САД и во Европа, но може да значи и нови работни места и бум на продуктивноста.
И тоа на крајот би можело да за големи вкупната годишна вредност на стоките и на услугите произведени на глобално ниво за 7%. Генеративната вештачка интелигенција, способна да креира содржини кои не се разликуваат од човечката работа, претставува голем напредок, се вели во извештајот.
Владата сака да промовира инвестиции во вештачка интелигенција во Велика Британија, за кои вели дека на крајот поттикнуваат продуктивност во целата економија и се обиде да ја увери јавноста во тоа.
„Сакаме да бидеме сигурнии дека вештачката интелигенција го дополнува начинот на кој работиме во Обединетото Кралство, а не да му попречува – да ги подобрува нашите работни места, наместо да ни ги одзема“ вели секретарот за технологија, Мишел Донелан.
Во извештајот се наведува дека влијанието на вештачката интелигенција варира во различни сектори – 46% од задачите во административните и 44% во правните професии може да бидат автоматизирани, но само 6% во градежништвото и 4% во одржувањето.
Според истражувањето кое го цитира извештајот, 60% од работнциите се во професии кои не постоеле во 1940 година. Но, други истражувања сугерираат дека технолошките промени од 1980-тите години побрзо ги раселиле работнциите отколку што создале нови работни места.
Ако генеративната вештачка интелигенција е претходен напредок на информативната технологија, се вели во извештајот, тоа би можело да ја намали вработеноста во блиска иднина.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia)