ВИДЕО: Фински стартап осмисли начин за правење бетон без емисија на штетни гасови

- Advertisement -

Фински стартап верува дека со својата технологија може да ја преполови емисијата на јаглерод диоксид во процесот на изработка на бетон. Бетонот е главниот столб на градешната индустрија, која секоја година го користи во количина поголема од 10 милијарди кубни метри.

Но, бетонот истовремено е одговорен за 6%-8% од глобалната емисија на CO2, а тоа сака да го смени финскиот стартап Carbonaide, кој собра 1,8 милиони евра во почетното финансирање за да се намали емисијата на јаглерод од бетонот

- Advertisement -

Технолошкиот процес на Carbonaide го врзува јаглерод диоксидот во неготовиот бетон со помош на автоматизиран систем при атмосферски притисок, како што можете да видите од видеото во прилог.

Во комбинација со врзивни елементи со ниска емисија на јаглерод диоксид, минерализираниот CO2 го претвора карбонскиот отпечаток на бетонот во негативен. Со намалување на потребната количина на цемент и минерализација на CO2 во самиот бетон, Carbonaide верува дека може да ја преполови емисијата на јаглерод диоксид од традиционалниот бетон од портланд цементот, најчестиот вид на вемен кој се користи.

- Advertisement -

Следниот чекор на Carbonaide е скалирање на технологијата во производна линија во нивната фабрика во Хололи.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -