Јужна Кореја постави контејнери кои ве казнуваат ако фрлате храна

- Advertisement -

Во Јужна Кореја се поставија контејнери кои ќе ви наплатат ако фрлате храна во нив. Оваа шема во Сеул се покажа успешна во менувањето на лошите навики на луѓето. Во градот денес се рециклираат 95% од отпадоците од храна наместо да се фрлаат, а во 1995 година тој процент бил само 2%.
Контејнерите ја мерат тежината на отпадот за да пресметаат колку треба да ви наплатат. Потоа тие информации ги поврзуваат со вашата лична карта за од сметка да ви се одземе точната сума.
Оваа шема на градот му заштеди 8 милиони долари на трошоци за собирање отпад. Жителите можат да ги си намалат сметките така што најпрвин ќе ја исцедат течноста од храната пред да ја однесат во контејнер.
Јужна Кореја во минатото беше еден од најлошите примери во светот кога станува збор за отпадоците од храна се додека во 2013 година не стана задолжително да се рециклираат тие отпадоци.
Сега на депониите се испраќа многу помалку храна, а најголем дел се користи за потхранување на почвата. Тоа, пак, придонесува за пораст на индустријата за урбани фарми во земјата.
На глобално ниво една третина од храната произведена за луѓето се губи или се фрла. Со намалување на отпадоците од храна моиже да се трансформираат глобалните прехранбени системи.

South Korea has bins that charge you for throwing away food

95% of food waste in Seoul is now recycled rather than dumped. 🔎 Learn more about tackling food waste: https://wef.ch/2LqmDwX

Posted by World Economic Forum on Петок, 13 септември 2019

Сподели!
- Advertisement -