Инженер на Google тврди дека луѓето ќе станат бесмртни за 7 години отсега

- Advertisement -

Поранешниот инженер во Google, Реј Курцвел, смета дека луѓето ќе достигнат бесмртност за 7-8 години отсега, а Курцвел досега во своите 147 предвдувања бил во право во 86% од случаите. Зборувајќи за YouTube каналот Adađo, Курцвел дисутира за поместувањето на гранциите во генетиката, нанотехнологијата и роботиката, поради што верува дека ќе дојде до развој на нано роботи кои ќе можат да го врата процесот на стареење. .

Тие мали роботи ќе ги поправаат оштетените клетки и ткивата кои пропаѓаат ако што старее телото, со што ќе станеме имуни на болестите како ракот. Преддвидувањето дека тоа е остварливо до 2030 година наиде на возбуда и скептицизам затоа што излекувањето на сите смртоносни болести се чини далечно и недостижно.

- Advertisement -

Курцвел почна да работи во Google во 2012 година на нови проекти како што е машинското учење, но и пред тоа се занимавал со предвидување на технолошки револуции. Така, во 1990 година предвидел дека најдобриот играч на шах во светот ќе изгуби од компјутер до 2000 година, а тоа се случи во 1997 година кога Deep Blue го победи Гари Каспаров. Исто така, во 1999 година рече дека до 2023 година лаптоп од 1.000 долари ќе има иста процесорка моќ и капацитет како човечкиот мозок.

Сега бившиот инженер на Google смета дека технологијата во блиска иднина ќе стане толку моќна што ќе може да им помогне на луѓето да живеат засекогаш. Курцвел себеси се опишува како футурист и предвидува дека вештачката интелигенција до 2029 година ќе успее да го помине Туринговиот тест. Тоа е тест на способност за машини и докажува интелигентно однесување кое е еквивалентно на човечкото однесување или не се разликува од него.

- Advertisement -

Курцвел вели дека нас машините не прават поинтелигентни и дека нивното поврзување со нашиот неокортекс им помага на луѓето да размислуваат попаметно. Спротивно на стравовите на некои луѓе, Курцвел верува дека всадувањето компјутер во нашиот мозок ќе не направи подобри.

„Ќе добиеме повеќе неокортекс, ќе бидеме позабавни, ќе бидеме подобри во музиката. Ќе бидеме посексипилни. Навистина во голема мера ќе покажеме се што цениме кај луѓето“ објаснува тој.

- Advertisement -

Наместо визија за иднина во која машините владеат со човештвото, Курцвел верува дека ќе создадеме синтеза на човекот и машините која ќе не направи подобри.

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -