Рускиот извоз на нафта е на пат овој месец да достигне рекорд, и покрај санкциите на Европската унија, кои Русија ја лишија од досега најголемиот пазар, пренесува Blооmberg.
Москва засега не покажува преголема загриженост дека неодамнешната забрана за продажба на тоа гориво во ЕУ би можела да ја примора да го намали извозот поради недостиг на други купувачи, затоа што Турција, Мароко и други земји купуваат повеќе, а некои количини се држат и во складишта на вода.
Испораката на дизел гориво од Русија во текот на првите 19 дена од март изнесува околу 1,5 милиони барели дневно, според податоците на Vortek, кој е во соопственост на Blооmberg. Ако се одржи тоа ниво, овој месец ќе биде забележан најголемиот извоз во последните 7 години.
Рафинериите во Русија досега во март одржаа високо ниво на работа, што овозможи големо производство на дизел, вели независен американски аналитичар за нафтени производи. Тој вели дека руските производители изгледаат прилично уверени дека можат да ги продадат сите количини на странски купувачи затоа што попустите кои ги нудат се доволно примамливи, а се покажало дека постојат нови пазари за дизелот.
Тој скок во испораката, сепак, можеби нема да трае затоа што плановите за товарење во клучните руски пристаништа укажуваат на пад во април во однос на мартовските активности. Голем дел од рускиот извоз на дизел гориво се однесува на Турција, а други големи увозници се и Мароко, Бразил, Тунис и најголемиот извозник на нафта, Саудиска Арабија.
(Bizlife)
(фото: Flickr)