Ново истражување покажа дека во наредните децении, односно до 2060 година ќе биде соборен актуелиот рекорд за должина на животниот век на луѓето. Со години се расправа дали постои граница на животниот век на луѓето, но проценките покажуваат дека максималниот животен век е зголемен, барем според забележаните историски податоци. На пример, Хебреите од доцната бронзена доба ги сметале 80 години за најдолг животен век, а 1.000 години подоцна Римјаните верувале дека таа граница е 100 години.
Меѓутоа, денес рекордот за најстара личност во светот го држи Џини Калмент, жена која починала во 1997 година на 122 години. И покрај напредокот во медицината, досега никој не успеа да го собори овој рекорд.
Сепак, ново истражување покажа дека луѓето допрва треба да го достигнат својот максимален животен век, а актуелниот рекорд би можел да биде соборен до 2060 година. Истражувањето сугерира дека ако постои максимално ограничување на човечкиот животен век, ние уште не сме блиску до тоа.
Според истражувањето на американски научници, јапонските жени ќе го соборат рекордот. Научниците користеле математички модел за да се предвидат трендовите на морталитетот за наредните години. За таа цел анализиран е историски збир на податоци за смртноста на луѓето на возраст од 50 до 100 години (луѓе родени меѓу 1700-тите и крајот на 1900-тите години до 1969 година) од 19 земји, а калкулациите се искористени за предвидување на староста која луѓето би можеле да ја достигнат во иднина.
„Откривем дека кохортите родени од 1900 до 1950 година низ историјата доживувале одложување на смртноста без преседан, но уште се премлади за да го соборат рекордот на долговечноста. Како што овие кохорти во наредните децении ќе достигнуваат поодмината старост, рекордите на долговечноста може значително да се зголемат“ велат авторите на истражувањето.
Според статистичките анализи, Јапонките би можеле да доживеат 122 години старост во наредните децении и да го соборат рекордот на долговечноста ако имаат добра здравствена и медицинска нега.
(Klix.ba)
(фото: Wikimedia)