Веганството е најдобар начин за борба против загадувањето

- Advertisement -

Претходни студии покажуваат дека веганството како животен стил е најдобриот начин за борба против загадувањето на водата и воздухот, глобалното затоплување, оштетувањето на озонската обвивка, мртвите зони во океаните итн. Универзитетот Оксфорд дури тврди дека доколку луѓето почнат да се хранат исклучиво со растенија ќе можат да ја спасат планетата Земја.

Организацијата The Vegan Society неодамна спроведе една огромна кампања за заштита на животната средина Plate Up for the Planet. Кампањата ја поддржаа многумина заштитници на животната средина и залагачи за растителна исхрана. Во рамките на кампањата се спроведе истражување во кое учествуваа 10.000 луѓе, а предизвикот беше да се хранат како вегани една недела.

- Advertisement -

Резултатите беа не само поздрави и посреќни луѓе, туку колективно сите учесници заштедија 147.000 килограми јаглерод диоксид. Според некои проценки, заштедениот јаглерод диоксид е доволен за да се лета до Месечината и назад. Овие статистики покажуваат каква разлика ќе се направи во светот кога повеќе луѓе ќе се хранат како вегани. Како што покажуваат и многу други истражувања, веганската диета можеби е единствената надеж за долгорочно преживување на Земјата.

Сподели!
- Advertisement -