Цените на десетина видови овошје и зеленчук одат под мраз

- Advertisement -

Алчноста на дел од трговците со земјоделски производи ќе ја зголеми листата на производи со замрзната цена. На над 10 видови овошје и зеленчук ќе им биде определана намалена и замрзната цена, или највисока продажна цена откако анализата на Министерството за економија утврдила дека дел од трговците со земјоделски производи тргувале со маржа од над 100, дури и 200 посто, пренесува ТВ Телма.

„Предлогот на Министерството за економија ќе биде замрзнување или определување на највисоки цени во делот на овошјето и зеленчукот и тоа секако дека е направено во согласност со Министерството за земјоделие. Ќе бидат опфатени над 10 производи на овошје и зеленчук и имајќи предвид податоците за месец март, каде што за жал е утврдено дека одредени трговци на овие видови производи имале големи маржи што надминувале и 100 посто, 200 посто“, информираше Бектеши.

- Advertisement -

Бектеши денеска не кажа кои земјоделските производи ќе бидат со замрзната цена, но според информациите на Телма, Министерството за економија предлогот за тоа кои производи и колку треба да се намалат ќе го достават во вторник до владата, по што конечната одлука ќе биде донесена на владина седница. Владата како што информираше Бектеши, наскоро ќе излезе и со анализа на просечните цени и на другите производи за месец март.

„Граѓаните, имајќи предви дека ги знаат кои се цените сами би можеле да ги направат споредбите и тоа што ќе го кажеме ние. Значи во делот на овошјето и зеленчукот е потврдено, но трговијата за овошје и зеленчук се врши на друг начин од другите производи, заради тоа што рокот е многу пократок и има кало и на таков начин маржата е секогаш поголема, но не може да биде 150 -200 посто како што набројав“, вели Бектеши.

- Advertisement -

Министерот за економија очекува на крај од април почеток на мај цената на овошјето и зеленчукот да се намали по природен пат со зголемувањето на домашното производство, но во меѓувреме, како што рече, за месецот на Рамазан и за претстојните Велигденски празници, за нивните цени ќе се погрижи владата.

Извор – ТВ Телма

- Advertisement -

Фото – Pickpik

Сподели!
- Advertisement -