Материјал направен од кокос и лимон ќе ги загрева и лади нашите домови

- Advertisement -

Како што се покачуваат температурите глобално битно е да се најдат алтернативни одржливи решенија за разладување на нашите домови. Клима-уредите емитуваат милиони тони јаглерод диоксид во атмосферата годишно. За да се најде алтернативно решение тим од истражувачи од Кралскиот институт за технологија во Стокхолм разви материјал кој може да се користи за разладување и загревање на нашите домови.

Овој уникатен материјал има потенцијал да ја смени индустријата за еколошки градби. Групата научници создадоа градежен материјал направен од кокос, лимон и модифицирано дрво. Овие обновливи извори служат како дрвена композитна термална батерија. Резултатите од нивната студија се објавени во весникот Small.

- Advertisement -

Кога се користи за градење на домови, овој нов материјал ќе може да ја задржува топлината или ниските температури внатре. Ако амбиенталната температура е 24 степени Целзиусови, тимот проценува дека 100 кг од овој материјал може да заштедат околу 2,5 kWh дневно за греење или ладење.

Процесот на производство започнува со отстранување на лигнинот од дрвото, со што се отвораат порите и се отстранува бојата, а резултатот е провидно дрво. Шуплините во дрвото потоа се полнат со лимонски акрилат и молекули базирани на кокос.

- Advertisement -

Кога ќе се загреваат, молекулите на лимонскиот акрилат се трансформираат во полимер на биобаза и ја враќаат цврстината на дрвото, додека истовремено овозможуваат продирање на светлина. Како резултат на тоа, молекулите на кокосот се заробени во материјалот и ја олеснуваат апсорпцијата и испуштањето на енергија.

Молекулите на кокосот, всушност, можат да се трансформираат од цврста во течна состојба и да апсорбираат енергија или од течна во цврста состојба и да ослободуваат енергија на сличен начин на кој водата замрзнува и се топи, велат авторите на студијата.

- Advertisement -

Овој метод на тразниција може да се искористи за загревање или разладување на простории, додаваат авторите. Освен тоа, овој градежен материјал е особено корисен за штедење енергија.

(Interesting Engineering)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -