Германија планира до 2030 година да ја намали потрошувачката на енергија за 26,5% во споредба со 2008 година. Планот, кој го претстави владејачката коалиција во земјата, се однесува и на јавниот и на приватниот сектор.
Земјата од минатата година наваму, откога беа воведени санкции на Европа кон Русија како последица на енергетската криза која настана поради инвазијата врз Украина, воведува многу поамбициозни мерки за заштеда на енергија.
Минатата година ЕУ воведе санкции против увозот на рускиот гас и нафтата како реакција на руската инвазија врз Украина. Тоа го засили стравот од енергетска криза во многу европски земји. Така, освен засилувањето на производството на обновлива енергија, беа воведени мерки за заштеда на енергија.
Владината кампања ги повика Германците изминатава зима да ја намалат потрошувачката на енергија за 20%. Беше забрането загревањето на приватните базени и луѓето беа мотивирани да работат од дома.
Пред кризата, во периодот од 2008 до 2020 година, Германија имаше помалку од 6% заштеда на енергија. Во текот на овој месец владата ќе усвои нов закон за уште поголема заштеда на енергија. Сспоред тој закон, ќе биде задолжително јавниот и привантиот сектор да ја скратат потрошувачката на енергија за 26,5% до крајот на оваа деценија, споредено со нивоата од 2008 година.
Компаниите кои трошат поголема количина енергија ќе мора да воведат т.н. системи за менаџирање со енергија за да се планира потрошувачката на подолг рок.
Германската влада мора да заштеди по 45 TWh годишно. Федералните држави мора колективно да намалат по 5 TWh годишно за Германија да дојде на нула до 2045 година. Во текот на 2021 година земјата потроши вкупно 500 TWh електрична енергија.
Според новиот закон, заштедата на енергија до 2040 година треба да се покачи на 39%, а до 2045 година на 45%.
(Euro News)
(фото: Wikimedia)