Владата денеска донесе Одлука со која се корегираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Како што изјави министерот Крешник Бектеши, согласно Одлуката, килограм домати и краставици ќе чини максимум 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95.
Кромидот поскапува за десет денари и ќе биде 70 денари, а само леќата, истакна Бектеши, ќе биде над 100, односно ќе се продава по 110 денари за килограм.
Килограм банани ќе чини до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари.
„Контролите ќе продолжат, ситуацијата секојдневно ќе се следи и ако е потребно, повторно ќе се интервенира доколку забележиме намалени увозни цени. Граѓаните да бидат спокојни“, уверува министерот за економија Бектеши.