Истражувач од Универзитетот Корнел направи сонарни очила кои можат да слушнат што сакате да кажете без да зборувате. Очилата имаат мали микрофони и звучници кои можат да ги читаат зборовите од вашата уста без да ги изговарате гласно.
Студентот Руидонг Жанг е тој што го разви системот за очилата, а се базира на претходен проект за безжични слушалки. Кај овие очила нема потреба да се стави камера или нешто друго во увото. Додека најголем дел од технологијата за нема комуникација е ограничена на предефинирани команди и од корисникот бара да стои директно пред камера, тоа не е ниту практично, ниту остварливо. Затоа истражувачите од Корнел го стават сонарот на телото.
Тие велат дека за нивмиот систем се потребни само неколку минути за да се научи начинот на зборување на корисникот. Кога ќе биде подготвен, испраќа и прима звучни бранови до и од лицето на корисникот, со тоа чувствувајќи го движењето на устата и потоа алгоритам за длабинско учење го анализира ехото од брановите во реално време со прецизност од 95%.
Моменталната верзија може да работи 10 часа на батерија, а не се оставаат никакви податоци на вашиот телефон, со што се елиминира грижата за приватноста.
Ако се оди според планот, можеби во блиска иднина и ќе поседуваме едни такви очила. Тимот од Универзитетот Корнел очекува да се комерцијализира оваа технологија со помош на програма за финансирање на универзитетот.
(Engadget)
(фото: YouTube)