Боливија планира не само да ископува, туку и да обработува литиум

- Advertisement -

Боливиските солени рамнини ги клријат најголемите залихи на литиум во светот од 21 милиони тони, покажуваат податоците на американскиот Геолошки институт.

Боливија од 2026 година натаму би можела да извезува литиумски батерии, што е во склоп на боливискиот план за индустријализација на огромните резерви на овој метал клучен за напојување на електричните возила.

- Advertisement -

Благодарение на методи за директна екстракција Боливија до 2025 година ќе може да произведува катоди, а до почетокот на идната годинатреба да почне да извезува литиумски батерии. Боливиската влада планира да учествува не само во ископувањето на металот, туку и во комерцијалните фаз од неговиот развој, велат оттаму.

Повикуваат и на создавање сојуз со т.н. литиумски триаголник, односно Боловија, Чиле и Аргентина, а според некои проценки, тој триаголник има повеќе од половина од светските залихи на литиум.

- Advertisement -

Сојузот би можел да ги одредува цените на литиумот, слично како што прави ОПЕК со нафтата, вели боливискиот претседател, а битен сојузник би можел да биде Мексико.

Боливиската компанија Quantum веќе произведува и извезува електрични автомобили на пазарот во Латинска Америка, а на крајот на идната година планира да отвори фабрика и во Мексико со годишен капацитет од 600 возила.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: ieee.org)

Сподели!
- Advertisement -