Кои шест места во Европа плаќаат за да се преселите таму?

- Advertisement -

Дали би сакале да живеете во Швајцарија, Шпанија или Италија и за тоа да ви биде платено? Иако изгледа како шега, но сепак постојат повеќе европски градови кои поради опаѓањето на бројот на население нудат пари во замена за нови жители.

Многу рурални места се соочуваат со популација која старее, а младите се преселуваат во поголемите градови, или пак се решаваат да немаат деца. Со цел да се справат со овој проблем, дел од локалните власти охрабруваат странци да дојдат да живеат во овие места преку грантови за преселување или пари во готовина.

- Advertisement -

Од Апенинскиот до Пиринејскиот Полуостров, Еуроњуз направи список на места во Европа кои плаќаат на луѓе кои се преселиле во нив.

Сардинија, Италија 

- Advertisement -

Италијанскиот остров Сардинија нуди по 15.000 евра на луѓе кои би се преселиле таму.

Рубија, Шпанија

- Advertisement -

Шпанското село Рубија во Галиција плаќа на експатриди (професионалци кои живеат и работат надвор од својата матична држава) по 150 евра месечно за да живеат во местото.

Албинен, Швајцарија

Возрасните лица под 45 години добиваат 25.000 швајцарски франци за преселба во ова село и дополнителни 10.000 швајцарски франци по дете.

Калабрија, Италија

Во југозападниот италијански регион Калабрија, преселба во село со помалку од 2.000 жители може да ви донесе до 28.000 евра.

Понга, Шпанија

Понга, гратче од 600 жители во северозападот на Шпанија, плаќа на биртанските државјани по речиси 3.000 евра за да се преселат на ова место. Дополнителни 3.000 евра би следувале за секое дете кое ќе се роди во ова место.

Презиче – Акварика, Италија

Презиче – Акварика, општина во јужниот италијански регион Апулија, плаќа на новите жители до 30.000 евра за преселба во местото.

Целиот текст на Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -