Македонска агенција меѓу наградените на креативниот фестивал BalCannes

- Advertisement -

Виекендов во Ровињ, Хрватска се оддржа настанот “Денови на комуникациите”, во чии рамки покрај бројните панели, предавања и дебати на различни теми од комуникациската индустрија се оддржаа и наградни церемонии за Effi Awards Croatia, MIXX (за најдобри дигитални кампањи во Хрватска), Young Lions Croatia и BalCannes – регионалното натпреварување за најдобри агенции, огласувачи и креативни проекти.

Креативниот фестивал BalCannes е единствен со регионален карактер и годинава на него учествуваа рекорден број на пријавени проекти од Хрватска, Србија, Македонија, БиХ и Словенија за кои гласаа три различни жири комисии составени од претставници на агенциите, претставници на огласувачите и претставници на медиумите од регионот.р е к л а м а

- Advertisement -

Најдобрите регионални проекти кои беа оценувани по неколку критериуми како идеја, изведба и пазарна релевантност беа наградувани со златни, сребрени и бронзени статуетки, а беа доделени и неколку специјални награди.

Гранд При на BalCannes освоија Pioniri Communications и компанијата Metalac за проектот Metalac x Konstrakta насловен како – “Уметничката мора да јаде здраво”. Титулата најдобра агенција и припадна на агенцијата Bruketa&Žinić&Grey, a за најдобар огласувач се прогласени Radgonske gorice и The Fun&Fit Company. Специјалната награда Editor’s Pick Award, која ја доделуваат уредниците на стручни медиуми од регионот ја доби проектот Untouched By Light, реализиран за клиентот Radgonskih gorica од агенцијата Bruketa&Žinić&Grey.

- Advertisement -

Помеѓу победничките проекти, како единствен награден проект од Македонија, во категоријата Алкохолни пијалоци, бронза освои агенцијата Публицис Скопје за проектот Smooth ON, реализиран за Пивара Скопје.

Маркетинг365

Сподели!
- Advertisement -