Јапонската компанија iSpace од Токио се надеваше дека ќе направи приватно слетување на Месечината, но изгледа дека не успеа во тоа.
Комуникацијата со лендерот Hakuto-R беше прекината неколку моменти откако се случи планираното слетување на Месечината. Инженерите истражуваат што се случило, но веруваат дека лендерот се срушил на лунарната површина.
Планот на мисијата беше лендерот да слета на Месечината, а потоа да го испушти истражувачкиот ровер, како и роботот со големина на тениско топче.
Лендерот беше лансиран со помош на ракета на SpaceX во декември минатата година и помина пет месеци на патот до својата дестинација.
“Не можевме да ја потврдиме комуникацијата со лендерот. Претпоставуваме дека не го реализирал слетувањето на лунарната површина. Сепак, собравме голема количина податоци и многу искуство” изјави директорот на iSpace, Такеши Хакамада 25 минути после планираното слетување.
Лендерот изгледаше спремен за слетување откако се спушти на 89 метри од површината, покажаа анимациите. Беше тежок 340 кг и висок нешто повеќе од 2 метри, но сепак е релативно мал и компактен ако се земат предвид стандардите за лунарните летала. Досега САД, Русија и Кина успеаја да спуштат роботи на лунарната површина.
(Klix.ba)