TikTok уште викендов би можел да добие нов сопственик

- Advertisement -

Заминувањето на шефот на TikTok, Кевин Мајер, не изненади никого, но некои извори тврдат дека тоа е знак дека TikTok е пред продажба. CNBC објави дека веќе во наредните 48 часа може да биде објавено дека TikTok постигнал договор за продажба на својата американска подружница на Microsoft или на Oracle.

Интересно е дека американскиот синџир продавници Walmart исто така е заинтересиран за учество во купувањето на TikTok, и тоа во партнерство со Microsoft.

- Advertisement -

Начинот на кој TikTok ја интегрираше е-трговијата и можноста за огласување на други пазари е јасна предност за создавачите и корисниците на тие пазари. Веруваме дека потенцијалната соработка на TikTok САД со Microsoft може да ја додаде оваа клучна функционалност и да му овозможи на Walmart клучен пат до нашите купувачи. Уверени сме дека партнерството меѓу Wаlmart и Microsoft може да ги исполни очекувањата на корисниците на TikTok во САД и истовремено да ги задоволи американските регулатори“ се вели во изјавата од Walmart.

За потсетување, Трамп даде рок до 15 септември за американската подружница на TikTok да се продаде на некоја американска компанија (најверојатно Microsoft), а во спротивно би забранил користење на апликацијата на американскиот пазар. Засега нема официјални потврди ни од Microsoft ни од TikTok за евентуален конечен договор.

- Advertisement -

(BBC, Dnevnik.hr)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -