Соработките со Универзитетот се клучни за поттик на иновации и поглед во иднината

- Advertisement -


Одбележани 44 години од Универзитет Св. Климент Охридски Битола, а ПРЕД ПЛУС Фондација во тесен круг на избрани претставници од корпорации, институции и граѓански организации доби шанса да потпише Меморандум за соработка, кој за двете страни има голема симболика и значење. Еве детали за овој голем настан…

Со музиката на унгарскиот великан Франц Лист – и делото за пијано „Легенда-Свети Фрањо оди по брановите” во изведба на наградуваниот млад пијанист Арсениј Ангелевски  од Државното музичко училиште во Битола, започна свечениот старт на прославата посветена на оваа значајна годишнина на УКЛО.

- Advertisement -

44 години се број во кој знаење вградиле или превзеле личности чии имиња и презимиња значат дома и надвор и во академските кругови и во практикување на наученото. Паралелно со неколку настани посветени на годишнината, течеше и целодневниот Отворен ден, под наслов УКЛО И ПРИЈАТЕЛИТЕ – НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ кој беше посветен на промоција на студиските програми, условите, можностите за мобилност, актуелни проекти и лаборатории кои студентите ги имаат на располагање.

Денот на основањето на нашиот Универзитет го празнуваме со отворени врати, со Отворен ден на УКЛО, но и Ден на УКЛО и пријателите, бидејќи УКЛО е Битола, но УКЛО е и повеќе од Битола. Универзитетот има свои единици во шест други градови и затоа на овој ден ја имаме пред сѐ нашата Општина Битола како стратешки партнер, го имаме бизнис секторот и невладиниот сектор, претставници од Владата и од МОН: министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска и раководителот на Секторот за високо образование Ахмед Ќазими. Со ова покажуваме дека имаме многу поддржувачи, дека имаме пријатели, бидејќи образованието и науката ако функционираат сами за себе ја губат својата смисла“ истакна ректорот проф. д-р Игор Неделковски во обраќањето. 

- Advertisement -

Ректорот на УКЛО со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски потпишаа меморандум за реализација на Универзитетска летна пракса, заеднички и значаен проект со којшто студенти од УКЛО ќе остваруваат платена пракса во институции од надлежност на Општина Битола, а на настанот беа промовирани првите избрани студенти кои во текот на летото ќе учат практично. 

Невладиниот сектор е наш силен партнер.Затоа ја избравме организацијата која е лидер во регионот кога станува збор за одржлив економски развој.Тоа е ПРЕДА ПЛУС Фондацијата која работи на проекти кои ја развиваат стартап сцената во поширокиот регион.  Тие се катализатори на развојот на претприемачката култура, поттикнувачи на иновации, тие се седиште на акцелератори кои даваат специјално дизајнирани обуки и тренинзи кои го развиваат регионот видливо. Затоа стануваат наш партнер во мисијата за иднината на УКЛО“ истакна ректорот Неделковски при потпишувањето на меморандумот со Маријана Милевска – директор на ПРЕДА ПЛУС фондацијата.

- Advertisement -

“Поздрав за отворањето на вратите на УКЛО за соработка за која силно ќе се залагаме заеднички да креираме услови за брозрастечки стартапи засновани на модерни технологии и да инспирираме дека И од Битола се може(и)”-изјави Маријана Милевска од ПРЕДА плус фондацијата.

Во церемонијата посветена на „Пријателите на УКЛО„ од реалниот сектор, се најдоа и компанијата БИМИЛК Млекара АД Битола која додели уписнини за студентите на УКЛО,  Регионалната стопанска комора која донираше електричен велосипед, а МКЦ Битола потпиша меморандум за соработка на полето на волонтеризмот и кариерниот развој на младите.

Сподели!
- Advertisement -