Според фотографиите кои ги направи кинескиот ровер Zhurong на Марс, изгледа дека на Црвената планета имало течна вода на површината уште пред 400.000 години, што веројатно полнало како снег, кој се стопил и помогнал песочните дини да се претворат во цврста, испукана кора.
Многу докази упатуваат на тоа дека Марс имал големи наслаги на течна вода во одреден момент во своето дамнешно минато, но не е јасно колку долго се задржала таа вода.
Шиаогуанг Кин од Кинеската академија на науки во Пекинг и неговите колеги прнајдоа пукнатни, кора и насобрани честички на врвот на песочни дини во марсвската рамнина наречена Утопија Плнаита, кои може да се објаснат единствено со тоа дека таму имало телна вода пред 400.000 до 1,4 милиони години.
Псеочните дини се помодерна форма на терен, Овие кори на површината на дините ги прицврстиле дините и не им дозволиле да се движат, појаснува Кин. Присуството на одредени соли во песокот ги навело да веруваат дека вода првично паѓала на дините во форма на снег, кој се стопил и се помешал со песокот за да се формираат хидратизирани минерали. Тие минерали тохаш се собрале и откако водата испарила, се зацементирале на несто и ја формирале напукнатата кора која ја видела камерата на роверот Zhurong.
Со оглед на тоа колку песочни дини се видени во други мисии на Марс, можеби треба повторно да се разгледаат тие фтографии и да се види дали може да се пронајдат слични докази за дини.
(New Scientist)
(фото: YouTube)