Во Шведска ќе заплови првиот автономен електричен траект во светот

- Advertisement -

Норвешката бродска компанија Torghatten AS се спрема да ја стартува првата комерцијална услуга за превоз на патници во светот со автономен електричен траект,кој ќе се движи меѓу островите Кунгсхолмен иСедермалм во главниот град Стокхолм.

Траектот наречен Zeam го развиваат повеќе години на Норвешкиот универзитет за науки и технологија во Трондхајм, а се состои од радари и ЛИДАР за следење и избегнување други објекти на вода, инфрацрвени камери и софтвер дигитален капетан, кој се базира на вештачка интелигенција и е во состојба да разбере се што се случува околу бродот. Има и ултразвучни сензори кои ги олеснуваат мене рутер на автоматско паркирање и GPS за позиционирање..

- Advertisement -

Автономниот траект го гради компанијата Brødrene Aa и ќе биде долг 12, а широк 5 метри. Ќе има доволно простор за 25 патници,плус десетина велосипеди. Енергија ќе добива од батериски систем од 188 kWh, кој ќе го дополнува низа соларни панели од 7,7 kW поставени на врвот.

Се очекува траектот да почне да плови од јуни н секои 15 минути до 15 часа дневно, а од Torghatten AS се надеваат дека Стокхолм ќе биде првиот град од многуте кои ќе воведат превоз со такви траекти..

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото:Flickr )

Сподели!
- Advertisement -