Струмичанката Кристина Николова ги закити витрините со 11 медали

- Advertisement -

За Кристина Николова од Македонија сонот стана јаве. Со многу труд, работа, посветеност и дисциплина последниве две години освои вкупно 11 медали, а со првото злато се закити на европскиот шампионат за IBFF EVROPSKI CHAMPION BODYFITNES.

Во 2022 година таа го освои второто злато како државен првак на Македонија. Николова учествуваше и на популарниот топ 5 европски Herkules куп, каде освои прво место. Има освоено дополнителни бронзени и сребрени медали и на други натпревари.

- Advertisement -

Кристина вели дека дисциплината упорноста и мотивот се главни двигатели на успехот.
„Пресреќна сум. Не постојат зборови со кои можам да ги опишам чувствата. Не можев да ги додржам солзите радосници додека четири пати се искачував на пиедесталот и ја слушав македонската химна“, вели таа.

Кристина окрива дека за успех се потребни и откажување од некои задоволства. Има секојдневни напорни тренинзи и долготрајни исцрпувачки диети. Се будам рано и си легнувам рано и се откажав од калорична храна. Тоа е мојот рецепт за посакуваната форма  Кристина покрај работата како тренер во Пулсфит Струмица  работи како сертифициран  сметководител во DOJEN FIN KONSALTING.

Сподели!
- Advertisement -