Сивус едукативен и развоен центар го организира традиционалниот „Challenge Day“, каде најперспективните и најталентираните учесници ќе имаат можност дa добијат до 70% стипендија за академиите во различни IT области.
Настанот ќе се одржи на 06 мај, сабота, од 13 до 16 часот во просториите на едукативниот центар во Скопје и Охрид.
Пријавувањето за овој настан е бесплатно, а сите заинтересирани за учество на „Challenge Day“ треба да ја пополнат апликациската форма.
Организаторите ни пренесоа дека „СЕДЦ за овој настан обезбеди фонд од 35.000 евра и истиот ќе биде распределен помеѓу најдобрите и најталентирани учесници кои ќе го решат соодветниот предизвик“.
Сhallenge Day во Охрид ќе биде тестирање за:
–Академија за Програмирање – Охрид
Додека пак во Скопје Сhallenge Day ќе биде тестирање за:
–Академија за Мрежи и IT Ops
-Академија за Сајбер безбедност
–Академија за Мануелно тестирање на софтвер и Автоматско тестирање на софтвер
–Академија за Графички дизајн
–Академија за Гејм дизајн
–Академија за Веб дизајн со фронт-енд
–Академија за Програмирање
–Академија за Data Science
–Академија за Дигитален маркетинг.
“Веруваме дека пристапот до квалитетно образование е вистинскиот начин да помогнеме некому трајно да ја промени и подобри својата иднина. Од тука Challenge Day за нас не е обичен ден на кој доделуваме вредносни ваучери за некоја од академиите. Тој е потсетување на нашата мисија и одговорност да менуваме животи.”- изјави Весна Иваноска, генерал менаџер на СЕДЦ.
Со цел да овозможиме едукација за секого, учеството на овој настан е бесплатно, заинтересираните треба да ја пополнат апликациската форма
Дополнителни информации во однос на овој настан може да добиете од одговорните лица на 078 341 777