Мате Римац објави нови фотографии од новиот кампус

- Advertisement -

Кратко откако почна изградбата на новиот кампус, кој ќе биде седиште на неговата компанија, Мате Римац коментираше дека тоа за него е посебен проект затоа што сака да ја создаде најдобрата можна средина за своите вработени. Во таква средина тој нагласи дека полесно е да се создаваар врвни производи, а токму во кампусот ќе се дизајнираат и ќе се развиваат сите идни модели на Bugatti и Rimаc, како и компоненти за други производители на автомобили со кои соработува компанијата.

default

Освен што ќе биде седиште за истражување, развој и производство, кампусот треба да ги зголеми развојните и производните капацитети од малосериските проекти до производство во големи серии системи на електричен погон, батериски системи, како и останата технологија. Кампусот ќе биде опкружен со тест патека, а ќе има и погони за производство и тестирање, оддели за дизајн и инженеринг, па дури и музеј.

- Advertisement -
default

Мате Римац вчера на својот профил на Facebook објави нови фотографии од кои се гледа напредокот во изградбата на кампусот, кој кога ќе биде готов треба да има околу 2.500 вработени. Довршен е кровот, а наскоро ќе биде готова и трафостаницата од 40 MW. До крајот на годината, како што беше и планирано, треба да биде готова првата фаза од проектот, после што почнуваат првите производни линии. Римац напиша и дека целиот простор во кампусот е распореден и дека веќе изгледа како да играат тетрис за да стават се во него. Исто така, напиша и дека работат на дополнителни објекти со слична големина или поголеми.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -