Повеќе енергија и забава со Имлек протеин на традиционалната трка “Скопје трча”

- Advertisement -

Со поддршка на брендот Имлек Протеин, ќе се оддржи традиционалната трка „Скопје трча” 10км во недела на 7 мај во Градски парк Скопје.

Во последниве години, протеините се сè почесто во центарот на нутрицистичките планови за исхрана, како за рекреативците, така и за спортистите. Нашето тело користи протеини за градење и регенерирање на ткивата, а за разлика од мастите и јаглехидратите, телото не ги чува резервите од протеини, па нема залихи кои може да ги користи во случај кога има дополнителна потреба од нив. Токму затоа е важен оптималниот внес на протеини на дневна основа. Исцрпените мускули по напорниот тренинг и трчање мора да бидат снабдени со протеини како основа за градење здрава и квалитетна мускулна маса поради што Имлек протеинот е повеќе од добредојден за сите учесници во недела.

- Advertisement -

Оваа година новина е тоа што на трката ќе има Имлек протеин спортсказона за сите кои имаат спортски дух за натпреварување, за кои Имлек протеин подготви подароци за мала мотивација. Имлек протеин спортската зоната ќе претставува место за бодрење на тркачите, место за забава и релаксирање за посетителите, но и место каде тркачите ќе може да си ја обноват енергијата по трката. Посетителите додека ги чекаат тркачите, ќе може да се натпреваруваат во забавни игри како „Тркало на среќата” и „Колку високо можеш да допреш”, а ќе има и освежување и енергетски „буст” со протеинскиот шејк Имлек Протеин.

Имлек протеин не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1%. Со консумирање на Имлек протеин 300мл се добива загарантирана доза од 30 грама 100% чист млечен протеин. Достапен е како шејк во три различни вкуса, чоколадо, ванила и јагода, и како пудинг во две варијанти, чоколадо и ванила.

- Advertisement -

Оваа е само прва од сите спортски трки каде Имлек Протеин ќе ја даде својата поддршка на сите присутни. До крај на година најавуваме забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици.

Сподели!
- Advertisement -