Докажано дека честички на пластиката стигнуваат и до мозокот

- Advertisement -

Истражување на Медицинскиот универзитет во Виена докажа дека ситните честички на пластиката стигнуваат и до мозокот. Истражувањето, чии резултати се објавени во стручното списание Nanomaterials, е спроведено на животински модел со орални дози микропластика и нанопластика од полистирол, кој е широко распространет вештачки материјал што, меѓу другото, се користи за пакување храна.

Откриено е дека ситните честички мое да стигнат до мозокот веќе два часа после консумацијата. Начинот на кој микропластиката и нанопластиката ја пробиваат крвно-мозочната бариера досега беше непознат во медицината.

- Advertisement -

Виенските научници со помош на компјутерски модели открија дека одредена површинска структура е клучна за продирањето на пластичните честички во мозокот. Крвно-мозочната бариера е битна клеточна граница која го штити мозокот од навлегувањље на токсини и патогени. Слична заштитна бариера како мозокот имаат и цревата – цревната слузница која научно е докажано дека може да ја пробијат ситните честички пластика.

Честичките на нанопластиката и микропластиката во дигестивниот систем се поврзуваат со локални воспаленија и имунолошки воспланеија, како и со појава на рак. Честичките на пластиката во мозокот може да го зголемат ризикот од воспаленија, да предизвикаат невролошки тешкотии или дури и неуродегенеративни болести како штое Ајзхајмер или Пракинсонова болест.

- Advertisement -

Потребни се понатамошни истражувања, нагласуваат австриските научници. Честичките на пластиката помали од 0,001 милиметар се нарекуваат нанопластика, а тие до 5 милиметри се нарекуваат микропластика и се видливи со голо око.

Како што покажаа истражувањата, личноста која дневно пие од 1,5 до 2 литри вода во своето тело годишно внесува 90.000 ситни честички пластика. Личноста која пие вода од чешма внесува повеќе од дупло помалку пластика.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -