Истражувачи од Универзитетот Монаш во Австралија создадоа нов тест за крв кој може да детектира поспаност кај возачите. Тестот во иднина може да им послужи на обивнителството или на работодавецот ако Researchers at Monash University inвработени се судрат поради недоволен сон.
Тестовите на крвта кои потврдуваат дали некој консумирал премногу алкохол се честа пракса денес, но не секоја сообраќајна незгода е последица на пијан возач. Некои се предизвикани од изморен возач кој работел предолог или не спиел доволно.
Неодамнешни истражувања покаѓаа дека возењето автомобил ако сте спиеле помалку од 5 часа е исто толку опасно како и возењето под дејство на алкохол. Во едно стакво сценарио мора да има начин да се измери поспаноста на возачите и австралиските истраѓувачи пронајдоа токму тоа.
Тимот истражувачи предводен од Клер Андерсон, професорка на Институтот за мозочно и ментално здравје Тарнер при Универзитетот Монаш идентификувал пет биомаркери во крвта кои може да потврдат дали некој бил буден 24 или повеќе ласа и тоа да го направат со прецизност од 99%.
Тие биомаркери се од различни делови од телото, но не се метаболити, што значи дека многу е мала веројатноста да се променат во случај на сообраќајна незгода. Кога биле направени тестови во реални ситуации, прецизноста на тестот паднала на 90%.
Истражувачите моментално работат на подобрување на тестот за да може со него да се квантифицира бројот на часови кои спиел еден возач пред да го направи тестот. Ансерсон смета дека овој тест ќе може да се прави паралелно со трстот за алкохол после секоја сообраќајна незгода, додека би биле потребни уште неколку години за да се направат преносни тестови за проверка на поспаност.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)