Оваа спирална скулптура ги апсорбира штетните гасови од 90.000 автомобили

- Advertisement -

Јапонскиот архитект Кенго Кума штотуку претстави спирална скулптура која го прочистува воздухот и може да ја апсорбира емисијата на штетни гасови од дури 90.000 автомобили годишно. Скулптурата Breath/ng е направена од најнови материјали со јадро од наномолекули кое се издвојува и ги апсорбира токсичните молекули. Скулптурата ја изработи компанијата Anemotech, а го користи природниот проток на воздух за да ја прочисти околината.

Скулптурата е составена од 120 рачно свиткани оригами панели со големина 1,2х1,2 метри и е висока околу 6 метри. За инсталацијата биле потребни 175 квадратни метри материјал, што е доволно за да се пасорбираат птетните гасови од 90.000 автомобили годишно. Спиралата виси од шипка направена од карбонски влакна и е прицврстена со 46 уникатни 3Д печатени спојки, пишува Inhabitat.

- Advertisement -

Целата структура Breath/ng е направена со помош на напредниот софтвер и алатките на француската компанија Dassault Systèmes. Всушност, француската компанија, која е лидер на полето на 3Д дизајнирањето, го поканила Кума да ја истражува темата Design in the Age of Experience. Заедно со спиралата на Кума, Dassault Systèmes оретстави и други еколошки иновации на Даан Роозехарде и Весли Гоутли на Неделата на дизајнот во Милано.

Сподели!
- Advertisement -