Далеку од Земјата во длабоката вселена изгледа дека една супермасивна црна дупка направила огромен облак од чад и ја произвела најголемата експлозија досега забележана во вселената.
Досега таа експлозија има ослободено 100 пати повеќе енергија од вкупната енергија која Сонцето ја ослободило во текот на целиот свој живот. Научниците велат дека тој досега невиден спектакл трае и трае.
Тој гигантски пекол, наречен AT20211wx, по прв пат бил забележан во 2020 година од опсерваторијата Zwicky Transient Facility uво Калифорнија. Филип Вајдман од Универзитетот Саутемптон во Велика Британија и неговите колеги оттогаш досега направиле повеќе дополнителни анализи од други опсерватории, а студијата за тоа е објавена во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.
“Гледаме разни големи експлозии и блесоци во минатото, но ништо блиску до ова што го гледаме овде” вели Вајсман.
Дополнителните анализи на AT20211wx би можеле да разјаснат како тој процес функционира, како и како црните дупки се однесуваат генерално.
Бидејќи е толку голема, светла и долготрајна, оваа експлозија ни овозможува добро да го погледнеме внатрешното функционирање на она што се случува кога материјалот ќе падне во црната дупка, вели Вајсман.
(New Scientist)
(фото: University of Southampton)