Кинески тим измисли ново семејство метални соединенија

- Advertisement -

Истражувачки тим од Кина создаде ново семејство метални соединенија, од кои секое има уникатни својства кои се многу потребни за идните генерации технологии. Тоа тимот го објави вчера.

„Полиметалните соединенија се од голем интерес не само поради нивната молекуларна структура, туку и поради можностите за различна примена на повеќе полиња“ вели коавторот на студијата бЈан-Жен Женг, професор на Институтот за науки и технологии Фронтиер при Универзитетот Ксиан Џиаотонг.

- Advertisement -

Овие нови соединенија имаат потенцијал да придонесат за создавање нови материјали со специфични карактеристики. Тие уникатни и интересни карактеристики вклучуваат флуоресценција и магнетни способности кои дозволуваат драстична промена и контрола на температурата.

Истражувачите ги создале новите полиметални соединенија со латаноидни елементи, односно група на 15 метални материјали кои исто така се познати како ретки земјини елементи. Тие конкретно користеле европиум, тербиум и гадолиниум.

- Advertisement -

Како што велат истражувачите, од сите полиметални соединенија тие што се базирани на латаноидни елементи привлекуваат најголемо внимание поради нивните интересни магнетни и луминесцентни својства. Неколку такви соединенија веќе биле успешно изолирани, но директната синтеза досега била вистински предизвик затоа што се направени од геометриски различни компоненти, што значи дека е потребна голема координација.

Крајниот резултат бил соединение базирано на европиум кое емитува флуоресцентна црвена светлина, соединение базирано на тербиум кое емитува флуоресцентна зелена светлина, како и соединение базирано на гадолиниум кое покажало потенцијал за магнетно ладење.

- Advertisement -

Сега истражувачката група продолжува да истражува кои можни примени би нашле соединенијата. Студијата е објавена во весникот Polyoxometalates.

(Interesting Engineering)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -