Кој не сака да јаде сладолед? Било да е тоа среде зима или во лето, кога температурите се највисоки, сите сакаме да се освежиме и засладиме. Но, сигурно не сме навикнати за тоа слатко задоволство да плаќаме неколку илјади долари.
Но, изгледа дека некои луѓе се спремни да платат и толку затоа што еден луксузен бренд за сладолед ппстави нов рекорд во продажбата на најскапиот сладолед во светот.
Една порција од 130 мл од сладоледот наречен „бјакуја“ (Byakuya) чини околу 88.000 јени или отприлика 5.980 евра. Овој десерт се прави од рендан бел тартуф, архивски сорти сирење, вклучувајќи и италијански пармезан, како и оризово вино.
И покрај оваа необична комбинација на вкусови и состојки од кои се прави, крајниот резултат е неочекуван. Имено, смесата е позната по својот овошен вку и текстура налик на паста.
(Telegraf.rs)
(фото: Flickr)