За некои среќни Американци ова лето значи и две слободни недели и повремено некој слободен петок. Имено, американските работници во текот на првата година во компанијата во просек имаат 11 слободни денови годишно, а после пет години тој број се зголемува на 15.
Од друга страна, Европејците имаат законско право на дури четири недели платен одмор годишно, а некои земји бараат работодавците да им овозможат на своите вработени дури и повеќе од тоа.
Од Франција до Австрија, ова се деветте европски земји каде што компаниите се должни на своите вработени да им дадат минимум 5 недели платен одмор годишно, пишува Business Insider.
Франција. Французите се познати како народ кој го сфаќа својот годишен одмор многу сериозно. Тие за секој месец на работа добиваат по 2,5 дена одмор, дносно 30 дена годишно.
Андора. Во Андора работниците кои се вработени повеќе од шест месеци имаат право на 30 дена одмор годишно, а најмалку две недели годишен одмор мора да се користат едноподруго.
Обединето Кралство. Кога станува збор за оваа земја, вработените имаат законско право на 28 слободни денови. Меѓутоа, вработените може да ги спојуваат своите слободни денови со празниците.
Молдавија. Вработените во Молдавија исто така имаат загарантирани 28 дена платен годишен одмор, не вклучувајќи ги празниците.
Луксембург. Вработените во Луксембург имаат два дена помалку годишен одмор, односно 5 недели. За разлика од некои други земји, во Луксембург е дозволено да го земете целиот одмор одеднаш, се додека вработените работеле во компанијата најмалку три месеци.
Сан Марино. Сан Марино можеби е најмалата држава во светот, но кога станува збор за слободните денови не е за занемарување. Имено, со закон вработените имаат 26 дена годишен одмор. Освен тоа, во Сан Марино се празнуваат 20 државни празници, што значи дека вработените можат да остварат вкупно 46 дена годишен одмор. Тоа значи дека жителите на оваа држава се на високото второ место во светот по бројот на слободни денви годишно.
Шведска. Вработените во Шведска за секоја година помината во компанијата имаат право на 5 недели одмор, додека во текот на летните месеци вработените во најголем дел од индустриите имаат право да земат до 4 споени недели одмор. Освен тоа, Швеѓаните се платени малку повеќе во текот на одморот и можат да пренесат до 5 дена од одморот во наредната година.
Австрија. Вработените во Австрија имаат право на 25 дена годишен одмор, односно 5 недели. Откако ќе по минат 25 години во истата компанија, вработените на годишно ниво добиваат уште една недела годишен одмор.
(Telegraf.rs)
(фото: Flickr)