Професорот Џозеф Дитури г собори светскиот рекорд за живот под вода, претходно поставен на 73 дена. Додека ги подучува своите студенти онлајн, Дитури, познат како и д-р Длабоко Море, проучува како реагира човечкото тело на долготрајна изложеност на притисок во подводно живеалиште кое се наоѓа во Подводната ложа во Ки Ларг, каде што живее од 1 март.
Подводниот дом на Дитури од 100 квадратни метри го изложи на изолирано и екстремно затворено опкружување. Од март досега нема видено сонце, ниту, пак, уживал во домашен оброк.
„Дефинитивно ми недостига физички контакт со своето семејство и со пријателите. Комуникацијата преку технологија е комплицирана. Иако можам редовно да комуницирам, немањето можност да ги допрам или лично да ги видам има ефекти. Затоа туркаме напред и носиме студенти од секоја возраст, од многу веста во светот. Можеби еден ден ќе ја прифатиме оваа наука и ќе го продолжиме патот на којшто сме моментално“ вели Дитури.
Со овој нов рекорд Дитури официјално достигна неистражено подрачје за наука, а неговото истражување може да има далекусежни ефекти дури и во вселената, а како што изгледа неговиот подводен дом кој може да го видите во ова видео.
„Потребни се 200 дена за да се патува до Марс. Нашите астронаути ќе мора да патуваат во средина слична на оваа каде што се наоѓам сега. Ограничената средина ќе ги ограничи нивните можности за храна, колку далеку можат да гледаат и како можат да вежбаат. Тие ќе изгубат мускулно ткиво, ќе изгубат од густината на коските и ќе имаат проблеми со видот. Ова истражување може да ни помогне подобро да ги подготвиме нашите астронаути за да се осигураме дека ќе стигнат здрави и доволно јаки за да ги истражуваат планетите“ објаснува Дитури.
Тим од доктори собира податоци за здравјето на дитури за да ги спореди с тестовите кои се направени пред да појде под вода и ќе биде тестиран повторно кога ќе излезе на површината. Информациите ќе покажат како затворена средина богата со кислород може да влијае на физичкото и менталното здравје на луѓето.
До крајот на својата мисија под вода Дитури ќе подучува студенти онлајн – досега има комуницирано со над 2.450 студенти од земји ширум светот, вклучувајќи ја Кореја, Абу Даби и Чиле. Повремено става опрема за нуркање и излежува да го истражува океанот со научници кои му одат на гости.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)