ОН предупредуваат: На милијарда луѓе им се заканува „пандемијата на сиромашните“

- Advertisement -

Колерата е опасност за милијарда луѓе во 43 земји, преупредија Обединетите нации, иако добро се знае како таа пандемија може да се стопира, но недостигаат средства за тоа.

Пандемијата ги убива сиромашните пред нашите очи и ние точно знаеме како да ја стопираме, но ни треба поголема поддршка и поголемо залагање од меѓународната заедница затоа што ако не реагираме веднаш, ситуацијата ќе се влоши, изјавија од УНИЦЕФ на конференција во Женева.

- Advertisement -

СЗО процени дека милијарда луѓе во 43 земји се во опасност да заболат од колера, која се шири поради лошите санитарни услови и недостигот на вода за пиење.

На научниците им требаат 640 милиони долари за борба со таа заразна болест. СЗО предупредува дека кампањите за вакцинирање наидуваат на многу тешкотии. Годинава 24 земји пријавиле епидемија на колера, а лани во мај тој број бил 15.

- Advertisement -

Од СЗО тој пораст го припишуваат на сиромаштијата, судирите, климатските промени и преселбите на населението во многу несигурни услови. СЗО мораше да издаде препорака за само една доза вакцини наместо две, за да се спасат повеќе луѓе, но со ризик заштитата од болеста да трае пократко.

СЗО и УНИЦЕФ, кои тесно соработуваат во сузбивањето на таа бактериска болест, имаат потреба од 160, односно 480 милиони долари во наредните 12 месеци за да можат да помогнат во над 40 земји.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -