Некои работи се неизбежни, па така неизбежно е и тоа дека некој ден во иднина голем камен од вселената ќе се сруши на Земјата. Тоа се случувало со милијарди години во минатото и ќе продолжи да се случува со милијарди години во иднина.
Човештвото досега имаше среќа затоа што не моравме да се соочиме со катастрофална закана од вселената во форма на огромен астероид. Но, ако сакаме долгорочно да се осгиураме дека ќе имаме иднина на Земјата, науката мора да не подготви и на неизбежноста на ударот на голем астероид во Земјата, во некоја далечна иднина.
Многу организации ширум светот ги надгледуваат настаните во вселената и во Сончевиот систем. Прават мапи и ги каталогизираат сите потенцијално опасни објекти до Земјата, односно т.н. NEO. Се поголемите вселенски карпи претставуваат и поголема закана, а во нашето соседство, барем засега, се помали.
Листата со опасни NEO-a не е ни приближно готова, но досега имаме добри мапи на речиси сите потенцијално опасни астероиди поголеми од еден км во дијаметар. Во најмала рака, тоа е корисно затоа што астероидите поголеми од километар во пречник имаат потенцијал не само да избришат цели граови од Земјата, туку и може да предизвикаат голема еколошка штета ширум светот.
За да предвидат кои атсероиди би претставувале опасност за Земјата во иднина, тимот од астрономи ја предвидел нивната орбита за наредните 1.000 години. Нивната анализа сугерира дека ниту еден од тие километарски NEO-a не претставува значителен ризик за нашата планета. Меѓутоа, научниците имаат тешкотии со предвидувањето на орбиттие на тие големи вселенски камења после тој период затоа што о орбиталната динамика малите промени може да доведат до големи промени на подолг рок.
(Universe Today)
(фото: Flickr)