Илон Маск објасни зошто традиционалното образование е бескорисно

- Advertisement -

Во едно неодамнешно интервју иноваторот и претприемач Илон Маск објасни зошто традиционалното образование, во суштина, е бескорисно. Тој истакна дека мнгоу од работите кои ги учат луѓето не им се потребни затоа што никогаш нема да ги користат во иднина бидејќи децата во училиштата се збунети зошто учат за тие работи.

Ток откри дека имал ужасно искуство на училиште затоа што го мачеле школските насилници и лекциите кои ниту биле интересни ниту вредело да се учат. Маск не се грижи ниту дали неговите вработени имаат завршено факултет. Тој уште во 2014 година изјави дека кај апликациите за работа кај него образованието не е приоритет.

- Advertisement -

Нема потреба да се има диплома од факултет или од средно образвоание. Доколку некој дипломира на добар универзитет тоа не е никаква гаранција дека е способен за нешто“ вели Маск.

На оваа тема тој има интересни дускусии и на Twitter. Минатата година, на пример, тој одговори на твит во кој се велеше дека не може да се успее во животот без диплома и токму за да се стигне во Харвард мора да се учи претходно.

- Advertisement -

Маск на тоа напиша: „Тоа не е точно. Не го мешајте образованието со знаењето. Јас не студирав на Харвард, но луѓето кои работат за мене студирале таму“.

Маск тоа што го зборува го применува и на своите деца. Во интервју во 2015 година тој откри дека направил посебно училиште за неговите деца и за децата на некои поблиски пријатели за да можат да учат на посебен начин.

- Advertisement -

Не сметам дека мора да се оди во обично училиште. Некои луѓе сакаат јазици, други сакаат математика. Сите имаат различни способности во различно време. Нема смисла да се форсира истото образвоание за сите нив. Она што е битно е да се учат луѓет да решаваат проблеми, а не да ги учат алатките. Да речеме ги учиме луѓето како работи еден мотор. Традиционалниот пристап би бил да им се објасни како да се работи со шрафцигери и шрафови наместо да се научат како да го расклопат моторот во реално време и сами да откријат како да го зашрафат“ објасни Маск тогаш.

 

 

Сподели!
- Advertisement -