Колку вреди Twitter сега, ако Илон Маск за него плати 44 милијарди долари?

- Advertisement -

За сопственоста над Twitter, Илон Маск плати дури 44 милијарди долари. Од преземањето на компанијата досега состојбата во оваа компанија, односно на социјалната мрежа можеме да речеме дека е динамична. Многумина останаа без работа, се укина бесплатната сина ознака, за која сега е потребна претплата, а поради целата ситуација компанијата изгуби и некои од огласувачите. Тоа, се разбира, не зе одрази добро на приходите на компанијата.

Бидејќи сега компанијата е приватна, нејзината пазарна вредност повеќе не може да се пресмета на ист начин како кога беше јавна компанија, со чии акции можеше да се тргува на берза. Маск верува дека долгорочните прогнози за компанијата се одлични и дека Twitter, за кој сега се надеваат дека може да стане т.н. апликација за се, односно многу повеќе од социјална мрежа, може да вреди дури 250 милијарди долари.

- Advertisement -

Ако сака да се оствари таа негова желба, пред Маск е долг и трновит пат, а почетокот секако не влева многу надеж, иако многу работи може да се сменат во наредните месеци. За да дојде до тоа Маск одлучи да се повлече од челото на компанијата и да и го препушти на Линда Јакарино, која треба да ја доведе во ред компанијата. .

Иако нема официјални податоци за вредноста на Twitter, благодарение на финансиската компанија Fidelity Investments можеме да видиме како се движи вредноста на компанијата и се забележува голем пат. Fidelity дошла до тие податоци врз база на својот удел во компанијата и според тие податоци, вредноста на Twitter паднала на околу 33% од цената на аквизицијата. Според тие податоци, Twitter сега вреди околу 15 милијарди долари.

- Advertisement -

Како причина за оваа ситуација на Forbes споменуваат неколку работи. Прво, претплатата која сега е задолжителна за сите кои сакаат сина ознака и можност за пишување долги објави, а која чини 8 долари месечно. Друг проблем е технологијата, која во последно време направи чекор назас. Исто така, го критикуваат и ширењето на теории на заговор на таа мрежа, како и фактот дека Twitter не претставил ниедна нова и корисна опција за да привлече нови корисници.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: East Anglia Bylines)

Сподели!
- Advertisement -