Ново истражување: Милиони планети во нашата галаксија поддржуваат живот

- Advertisement -

Жила Сагер, професорка на Универзитетот Флорида и исстражувачката Сара Балард го анализирале ексцентрицитетот на орбитата на 163 егзопланети кои орбитираат околу ѕвезди кои се црвени џуџиња користејќи одатоци од вселенскиот телескоп Kepler на НАСА направени во периодот од 2009 до 2019 година и на телескопот Gaia на Европската вселенска агенција.

Со помош на сликите на Kepler успеале да ја измерат орбитата, проценувајќи колку време им требало на планетите да поминат преку лицето на нивните ѕвезди.

- Advertisement -

Овие планети се одлични мети за барање мали планети во орбитата во која е можно да се замисли дека има течна вода и планетата би можела да биде населлива, вели Шила Сагер и додава дека битна улога во студијата имала Вселенската опсерваторија на Европската вселенска агенција Gaia, која овозможува мерење на оддалеченоста до милијарди ѕвезди ширум галаксијата.

Оддалеченоста е клучна информација која претходно недостигала, а која овозможува сега да се направи оваа анализа. Ексцентрицитетот на орбитатаорбитата се однесува на обликот на патеката на движење околу ѕвездите. Најглем дел од орбитите не се кружни, вклучувајќи ја Земјата, но нашата планета има доволно оддалеченост меѓу себе и Сонцето за обликот на движењето да нема исти ефекти на времето.

- Advertisement -

За споредба, ако планетата кружи во близина на својата ѕвезда, ексцентричните патеки предизвикуваат драстични промени во гравитациските сили, што резултира со загревање ан површината, феномен познат како плимно загревање. Како таков, ги прави овие планети поповолни за живот каков што го познаваме.

Една третина од 2.600 планети кои ги идентфиикуваше Kepler имаат доволно благи орбити за да ги задржи во зоната на настанување и отвораат врата за нивно подетално истражување во потрага по докази за постоење на живот.

- Advertisement -

Додека M се џуџести ѕвезди, односно околу 70% од познатите ѕвезди, дупло помали од Сонцето или помали и од тоа, исто така не се врели. Значи, имаат баш вистински потенцијал за одржување живот. Истражувачите откриле и дека веројатноста дека М џуџестите ѕвезди со повеќе планети имаат покружни, поблаги орбити, додека одделни планети биле изложени на поголем број орбитални екстреми, па затоа нивната површина е негостољубива.

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -