Кинески Baidu инвестира 140 милиони долари во стартапи кои развиваат вештачка интелигенција

- Advertisement -

Baidu Inc., најпознатиот кинески интернет пребарувач, инвестира 140 милиони долари во стартапи кои се фокусираат на генеративна вештачка интелигенција. Како што пренесува Bloomberg, со овој потег Baidu станува дел од глобалниот инвестициски бран во услуги слични на ChatGPT.

Како што се вели во изјавата на Вaidu, инвестицијата ќе биде искористена за помагање на проекти со помош на Ernie AI моделот, а годишно ќе се инвестираат максимум 1,4 милиони долари. Инвеститори во ризичен капитал, меѓу кои IDG Capital, ќе ги оценуваат проектите на стартапите, кои потоа ќе треба да направат и демо производи пред да биде донесена одлука што ќе се финансира.

- Advertisement -

Оваа инкубаторска програма е заеднички труд на најголемите инвестициски групи во Кина и вдечкиот играч во развојот на вештачка интелигенција. Ова е уште еден чекор напред во рамките на агресивната кинеска стратегија за инвестирање во вештачка интелигенција.

Baidu ја претстави и својата верзија на ChatGPT, наречена Ernie Bot, со што ги поттикна своите ривали како Alibaba, Tencent и SenseTime да направат слични платформи. Baidu во партнерство со инвеститори во ризичен капитал ќе ги оценува роектите на стартапите кои планираат да го користат Ernie за да ги прошират своите услуги.

- Advertisement -

Основачот на Baidu, Робин Ли, најави надградба на Ernie и како што истакна, Baidu ќе стане првата компанија која ќе ги преработи сите свои производи. Не станува збор за интегрирање или пристап до вештачка интелигенција, туку преработка и реструктурирање, вели тој.

Сепак, уште е рано да се каже дали Ernie Bot ќе може да стекне статус на популарна апликација, како што е сеприсутниот WeChat на Tencent.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -