Ротари заедницата со посветеност и визија 118 години го подобрува светот

- Advertisement -

Интервју со Раде Христовски, Гувернер на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија) по повод Ротари Дистриктна конференција во Битола која ќе се одржи следниот викенд

На 10 јуни за првпат имаме Ротари Дистриктна конференција во Битола. На Ротари конференциите се сумираат резултатите од работењето во ротаријанската година, која е на истек, и се носат важни одлуки за понатамошното функционирање. Најчеста пракса е овие конференции да се одржуваат во местото од каде што потекнува Гувернерот на Дистриктот и претставуваат добра можност, покрај со ротаријанските работи, гостите на конфернцијата да се запознаат и со културата, историјата и знаменитостите на местото.

- Advertisement -

Решавањето на вистинските проблеми бара вистинска посветеност и визија. Повеќе од 118 години, луѓето од Ротари ја користат својата страст, енергија и интелигенција за да преземат акција за одржливи проекти. За решавање на сите тие проблеми во општеството, во Ротари Интернационал е формирана Ротари Фондацијата, без која не би можело да се решаваат големите проблеми.

П: Г-дине Христовски, како Гувернер на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија) може ли да ни кажете повеќе за филантропската мисија на Ротари заедницата?

- Advertisement -

Ротари е глобална мрежа од 1,4 милиони лидери и пријатели, организирани во преку 46.000 клубови, кои решаваат проблеми во заедницата и кои гледаат свет во кој луѓето се обединуваат и преземаат акција за да создадат трајни промени – низ целиот свет, во нашите заедници и кај нас самите.

Решавањето на вистинските проблеми бара вистинска посветеност и визија. Повеќе од 118 години, луѓето од Ротари ја користат својата страст, енергија и интелигенција за да преземат акција за одржливи проекти. За решавање на сите тие проблеми во општеството, во Ротари Интернационал е формирана Ротари Фондацијата, без која не би можело да се решаваат големите проблеми.

- Advertisement -

Ротари Фондацијата им помага на членовите на Ротари да го унапредат светското разбирање, добрата волја и мирот преку подобрување на здравјето, обезбедување квалитетно образование, подобрување на животната средина и ублажување на сиромаштијата.

Ротари Фондацијата е поддржана исклучиво со придонеси од јавноста, членовите на Ротари и пријателите на Фондацијата. Тие придонеси, подароци и донации се трансформираат во услужни проекти кои ги менуваат животите на илјадници луѓе ширум светот.

Но, мораме да спомнеме дека Ротари не функционира исклучиво преку средства на Ротари Фондацијата. Многу значајни се и индивидуалните придонеси на ротаријанците преку нивните клубови, со кои се решаваат помалите проблеми во заедниците каде функционираат. Сметајте дека секој Ротари клуб во текот на годината решава по неколку такви проблеми.

П: Имајќи предвид дека на глобално ниво, како и на локално, општествата се соочуваат со сериозни економски и социјални предизвици, како Rotary International и Ротари клубовите во Македонија помагаат и придонесуваат за полесно и поефикасно справување со овие предизвици?

Ротари клубовите од Македонија се дел од Ротари Интернационал и од мрежата која е одамна изградена. Тоа подразбира дека и македонските клубови функционираат по истите правила како и секој друг клуб каде било на земјината топка.

Секој Ротари клуб од Македонија, прво, на различни начини придонесува за поддршка на Ротари Фондацијата, што дава за право повратно да се користат средства од истата. Секако дека се води сметка и има строги правила за целите на користење и начинот на добивање на средствата. Имаме бројни примери за искористени средства за проекти на македонски клубови. Покрај тоа, повторно ќе споменам дека членството на Ротари во Македонија решава голем број проблеми кои не се многу големи преку индивидуални донации во рамките на клубовите. Дури, можам слободно да кажам, членовите полесно се определуваат за ваков вид помош и поради поедноставното прибирање средства.

Ротари клубовите во Македонија цениме дека направиле помош од околу 3.000.000 долари.

Колку е раширена, препознаена и прифатена мисијата и визијата на Rotary International во Македонија?

За жал Ротари сѐ уште не е доволно препознатлив во Македонија. Иако корените на Ротари во Македонија се уште од 1931 година со првиот клуб во Скопје, а потоа и во Битола во 1935 година, кои функционирале до почетокот на Втората светска војна. Во повоена Југославија, Ротари клубовите биле забранети, но во 1995 година, прво е возобновен Ротари клубот Скопје и Ротари се враќа на овие простори. Сега во Македонија имаме веќе 26 Ротари клубови и десеттина Ротаракт клубови (клубови на млади од 18 до 30 години).

Има повеќе причини за недоволната препознатливост на Ротари во Македонија. Тука, пред сѐ, е долгогодишното непостоење на Ротари клубовите на овие простори, потоа поранешната генерална политика на Ротари да се помага, а тоа да не се промовира во јавноста, како и поврзувањето на Ротари со одредена мистика и тајност, што апсолутно не е така, па префрлањето на македонскиот Ротари во различни дистрикти, помал број клубови и слично.

Но, секако дека последниве години се става фокус и на претставувањето на Ротари во јавноста и очекуваме дака во иднина ќе бидеме повеќе препознатливи.

П: Дали може да ни посочите неколку проекти во земјава со кои особено се гордеете како член и особено како Гувернер на Ротари Дистриктот 1912?

Проектите што се реализирани се многубројни и секогаш има нови или такви на кои се работи, така што набројувањето би било премногу долго.

Јас овде ќе го издвојам последниот проект од типот на Глобал грантови, кој го реализираше Ротари клуб Скопје Центар, а се состоеше од набавка на медицинска опрема за потребите на Ковид центарот во Скопје во вредност од 122.000 американски долари и беше изработен заедно со УСАИД и програмата Hearts of Europe.

Вредно е да се спомене дека Дистриктот 1912, односно ротаријанците од Македонија и Словенија, многу брзо реагираа на катастрофалниот земјотрес во Турција и донираа 50.000 долари сопствени средства.

П: Г-дине Христовски, Вие сте прв Македонец кој досега ја извршувал функцијата Гувернер на Ротари Дистрикт. Вашиот мандат завршува оваа година. Што е она што би го истакнале како најважно од ова Ваше искуство?

Во добивањето на оваа гувернерска функција во Ротари, најважно пред сѐ е што Македонија по првпат се запиша во историјата на Ротари Интернационал со Гувернер на дистрикт од Македонија. Тоа треба да претставува гордост за секој ротаријанец од Македонија. Истовремено оваа фуннкција ја потврдува нашата еднаквост во познавањето и практикувањето на Ротари со ротаријанците од регионот. Тоа ни дава полно право да сметаме дека во Македонија го имаме потребното познавање за Ротари и треба веќе сериозно да размислуваме за зголемување на бројот на ротаријанците, односно да се стремиме кон исполнување на услови за формирање самостоен македонски Ротари дистрикт. 

П: Ве очекува Дистриктната годишна конференција во Битола, на 10 јуни. Може ли да ни кажете кои активностите се предвидени за време на конференцијата?

Да, на 10 јуни за првпат имаме Ротари Дистриктна конференција во Битола. На Ротари конференциите се сумираат резултатите од работењето во ротаријанската година, која е на истек, и се носат важни одлуки за понатамошното функционирање. Најчеста пракса е овие конференции да се одржуваат во местото од каде што потекнува Гувернерот на Дистриктот и претставуваат добра можност, покрај со ротаријанските работи, гостите на конфернцијата да се запознаат и со културата, историјата и знаменитостите на местото.

Со тимот од Сојузот на Ротари клубови и Ротари клубот Битола се определивме за тридневна програма, која започнува на 09 јуни со пречек на гостите од Словенија и од другите градови од Македонија, кои ќе дојдат во Битола, и имаме исклучително добра можност заеднички да го проследиме концертот на КУД „Танец“ од Македонија и „Коло“ од Србија. После концертот имаме заедничко дружење и поголемо запознавање помеѓу нас.

Следниот ден, на 10 јуни, започнуваме со посета на Народниот музеј во Битола, па потоа во КИЦ (Офицерски дом) имаме промоција на книгата „Анталогија“, која настана во време на Ковидот и во која свои творби имаат македонски и словенски автори. Книгата е на Македонски и на Словенечки, а македонската промоција ќе биде пред почетокот на конференцијата. Паралелно, во Офицерскиот дом ќе имаме поставено продажна изложба на уникатни графики на академскиот сликар Диме Темков, кој е Македонец, а живее и твори во Словенија и, истовремено, е ротаријанец.

Конференцијата ќе се одржи во Народниот театар во Битола со почеток во 12:30 часот, а потоа ќе имаме заеднички ручек. Во вечерните часови, во Хераклеа Линкестис на гостите ќе им ги презентираме македонските вина. Следниот ден, 11 јуни, пред заминување, гостите ќе имаат можност за кафе на Широк Сокак, разгледување на Битола и можност за посета на античкиот локалитет Хераклеја линкестис.

П: Кои се актуелните теми, активности и цели што се во фокусот на Ротари Дистрикт 1912 и неговите клубови?

Секогаш актуелна тема во Ротари е бројот на членството и нови клубови. Оваа ротаријанска година имаме два нови Ротари клубови, а на повидок е формирање на уште еден.

Следни цели се фокусирање за остварување поголем број Глобал Грант проекти (тоа се проекти поголеми од 30.000 долари), спроведување еколошки проекти и, секако, проекти кои се однесуваат на обуки за Ротари.

П: Може ли да ни кажете кој е клучот на успехот на мисијата на Rotary International, која датира од 1905 година?

Клучот на успехот на Ротари е пред сѐ во организационата поставеност, јасно поставените правила, процедури и практики во функционирањето внатре во организацијата, како и за секоја област во која Ротари е инволвиран. Исто така, многу битен момент за успехот на Ротари е членството, кое најечесто е составено од лидери во сопствената професија.

П: Дали може да го замислите Вашиот живот без Ротари?

Членувам и сум еден од основачите во Ротари клуб Битола од неговото возобновување во 1998 година и сѐ уште со радост го чекам состанокот секој понеделник во 20:000 часот. Сите овие години Ротари длабоко се врежал во мојот живот и претставува и начин на живеење. Сигурно животот без Ротари би бил помалку исполнет.

Сподели!
- Advertisement -