Министерот Азир Алиу: Родителите имаат можност да поднесат електронско барање за упис на нивното новороденче

- Advertisement -

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на Гинекологија, д-р Башким Исмаили  ја промовираа новата онлајн услуга: електронска регистрација на новороденче.

,,Задоволство ми е што денеска сме во  Специјалната болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза” – Чаир, за промовирање на најновата онлајн услуга за граѓаните: електронски упис на новороденчето за издавање извод од матична книга на родените. Преку новата услуга сега родителите имаат можност да поднесат електронско барање за упис на нивното новороденче, без потреба за одење до шалтерите на УВМК. Аплицирањето преку услугата “eID” od portalot www.uslugi.gov.mk ќе овозможи поднесување на барање за овој извод, лесно и без доцнење”, рече меѓу другото министерот Алиу.

- Advertisement -

Според министерот Алиу, дигитализацијата е единствениот начин да се промени животот на граѓаните. Тој  посочи дека до крајот на годината ќе се промовираат повеќе од 150 нови онлајн услуги на Националниот Портал за е-Услуги.

,,Ние како Министерство работиме напорно за дигитализација и дигитална трансформација на државата, каде што неодамна ја промовиравме „ДигиталнаЕра“- новата платформа на МИОА, која носи зголемување на електронските услуги за граѓаните и администрацијата. До крајот на годината ќе дигитализираме повеќе од 150 нови онлајн услуги на Националниот портал”, рече министерот Алиу, нагласувајќи дека тоа ќе значи пократко време и намалени трошоци за добивање на овие услуги, но и зголемување на довербата на граѓаните кон институциите.

Сподели!
- Advertisement -